Во Општина Кисела Вода извлечена ждрепка за претстојниот Куп „Св. Ѓорѓи“

Општина Кисела Вода со цел за унапредување на спортот на повисок степен по повод одбележувањето на својот патронен празник Ѓурѓовден и оваа година традиционално ќе го организира Купот „Св. Ѓорѓи“.

На истиот ученици од основните училишта од општините: Карпош, Кисела Вода, Центар и Гази Баба ќе играат: одбојка, кошарка и футсал.

За оваа цел, денес во просториите на општината претставници од скопските општини учесници на купот одржаа работен состанок на кој беше извлечена ждрепка.  Купот свечено ќе биде отворен на 07.05.2019 година во спортската сала „Независна Македонија“ и ќе се одвива по следниот распоред:

КУП СВЕТИ ЃОРЃИ-КИСЕЛА ВОДА

Прв ден: вторник, 07.05.2019

Спортска сала „Независна Македонија“ – женска одбојка

12:30 часот, свечено отварање

13:00 часот, прв полуфинален натпревар во одбојка: Карпош - Кисела Вода

14:30 втор полуфинален натпревар во одбојка: Центар – Гази Баба

Втор ден: среда, 08.05.2019

Спортска сала „Независна Македонија“- женска одбојка

13:00 часот, одигрување за трето место во одбојка

14:30 часот, одигрување за прво место во одбојка

15:30 часот, доделување на дипломи и пехари.

Трет ден: четврток 09.05.2019

Спортска сала „Архиепископ Доситеј“

Футсал 

13:00 часот, одигрување на првиот полуфинален натпревар во футсал: Кисела Вода - Гази Баба

13:30 часот, одигрување на вториот полуфинален натпревар во футсал: Центар Карпош

Четврти ден: петок 10.05.2019

Спортска сала „Архиепископ Доситеј“

Футсал 

13:00 часот, одигрување за трето место во футсал

13:30 часот, одигрувања за прво место футсал

14:15 часот, доделување на дипломи и пехари.

Петти ден: понеделник 13.05.2019-та

Спортска сала „Независна Македонија“

Кошарка - момчиња

13:00 часот, одигрување на првиот полуфинален натпревар во кошарка: Карпош - Центар

14:30 часот, одигрување на вториот полуфинален натпревар во кошарка: Гази Баба – Кисела Вода

Шести ден: вторник 14.05.2019

Спортска сала „Независна Македонија“. -Кошарка

13:00 часот, одигрување за трето место во кошарка

14:30 часот, одигрување за прво место во кошарка

16:00 часот, доделување на дипломи и пехари и затварање на Купот „Свети Ѓорѓи“

Општината на најуспешните селекции ќе им додели пехари и дипломи.

nike air max 1 sale