Во општина Центар се организира базар на современи ракотворби

Општина Центар го организира првиот Базар на современи ракотворби.

Настанот претставува несекојдневна можност и начин за промоција на современиот уметнички израз пресликан во ракотворбите и применетата уметност, како и запознавање на посетителите одблизу со творечките модерни техники и начини на изработка на делата. На манифестацијата ќе земат учество повеќе уметници ракотворци кои со својата богата понуда ќе го презентираат начинот и техниките на изработка на своите уметнички дела, a воедно ќе има и продажен карактер.

Настанот кој општината го организира заедно со Македонска Артисанска Трговска Организација МАТА, ќе се одржи денеска, на ул. Ѓорги Пешков (Боемска улица во Дебар маало), од 10.00 до 18.00 часот.

Овој АРТИСАН Базар на современи ракотворби претставува дел од проектните активности на Програмата за култура на Општина Центар – Скопје.