Во општина Бутел ќе се инвестираат 13 милиони денари во образованието, детската заштита и спортот до крајот на годинава

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски вели дека до крајот на годината ќе инвестираат 13 милиони денари во образованието, детската заштита и спортот, и дека инвестирањето во младите е нивен врвен приоритет.

-Десет милиони денари за образование и спорт, ќе набавиме смарт табли за основните училишта, ќе опремиме неколку училишта со современи информатички кабинети. Ќе изградиме две модерни баскет игралишта, три милиони денари за детска заштита (градинки), објави Костовски на својата официјална фејсбук страница.

Костовски посочи дека ќе обезбедат се што е неопходно за дечињата во градинките да се чувствуваат комотно, а значително ќе се подигне квалитетот на нивниот престој.