Во Охридското Езеро денеска се удави младо момче

Во Охридското Езеро денеска се удави едно лице. Телевизија 24 вести дознава дека неофицијално станува збор за момче од Куманово кое пред малку е пронајдено мртво откако попладнево заедно со друга група на момчиња се возеле на педалинка.

Дознаваме дека момчето паднало од педалинката и извесно време му се губи секаква трага во езерото. По пребарување од страна на полицијата, безживотното тело на момчето е пронаједено.

Во моментов на терен се полицијата и медицински екипи кои ги истражуваат причините за несреќниот случај. СВР Охрид ја потврди информацијата и најави подетални информации во текот на денот.

И покрај обидите за реанимација, спасувачките екипи и полицијата не успеале да го спасат момчето.

Се уште се работи на идентификација на телото.