Во Охрид приведени две лица кои користеле кокаин

Вчера, на улица „Јане Сандански“, во Охрид, приведени се две лица кои се обиделе да сокријат од полицијата пакетчиња со кокаин.

Од МВР информираат дека, се работи за лицата П.С.(33) и И.П.(23), од Кичево. Коикаинот бил пронајден така што при контрола на патничкото возило „фолксваген пасат“, со кичевски регистарски ознаки, полициските службеници ги забележале лицата како исфрлаат две пакувања, кои откако биле пронајдени, констатирано е дека во нив има кокаин. Покрај ова, во возилото биле пронајдени уште три пакувања со кокаин. 

Двете лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.