Охрид и оваа летна сезона мета на критики од домашните туристи токму поради цените.
Она што многумина ги изреволтира е тоа што дел од хотелите во македонскиот туристички бисер кои имаат сопствени плажи наплаќаат за лежалки и на своите гости сместени во хотелот. Цената е со попуст, за разлика од цената која ја плаќаат посетителите на плажата кои не се хотелски гости.
- Бевме изненадени кога ни побараа да ни наплатат за лежалките на хотелската плажа, а бевме сместени во хотелот на база „all inclusive“. За нас, цената за една лежалка е 150 денари, додека за другите гости 300 денари. Се наплаќа и влезот за хотелскиот базен, реагира една гостинка на познат хотел во Охрид.
Додава дека не е во ред, затоа што се подразбира дека кога сте сместени во хотел дека бесплано ќе ја користите и плажата во склоп на хотелот, и/или базенот.
- Замислете доаѓа семејство да се смести во хотел, и дополнително дневно треба да одвои плус 600 денари за лежалки, вели таа. Туристите кои летово го посетија Охрид се жалат и на високите цени на такси превозот, но истовремено и лошата услуга.
-Знаеме дека се е поскапено, но барем за високите цени да имаме квалитетна и навремена услуга. Такси превозот го чекавме половина час затоа што беше гужва за викенд, ни дојде лут таксист кој го слушавме по пат, а плативме безмалку 10 евра, споделува еден туристи.
Реакции за цените во Охрид оваа сезона има и на социјалните мрежи. Еве дел од нив:
Близок другар имам од Охрид, тој сам кажува дека за нив е неподнослив градот. Да ти вика дека Скопје е поефтино е лудо. Испаѓа ко Монако и Париз според да прајме
— nikthemit (@crypt0slav) July 8, 2024
Можам да зборвам 2 дена шо не чинит тука, ама кај шо гледам млади дечки спремни со паштетите и вино 5 литарки, па плукет по Охрид, срце не ми дават. Охрид не требит да е плажа туризам, за то се ојт на море. За за уживаш тука, требит да имаш вкус и да знајш шо сакаш.
— Baba_Yaga (@baba_roganyc) July 9, 2024
Не се лути па и ти па. Едноставно кажано на мнозинството луѓе им е потребно неколку години да ги процесираат информациите. Тие се уште го мислат Охрид дека е Охрид од 90-ти и рани 2000-ти односно место кое го бираш ако немаш пари за Грција.
Па уште се лутат и викаат не ви идам, а…— ОфДјутиКомидиан (@OffDutyComedian) July 9, 2024
И ова лето просечниот македонски турист не сфати дека рестораните и хотелите во Охрид не постојат за нему да му овозможат да летува и да го служат покрај плажа по цени како кај него во маалското продавниче.
— mkCoder (@mkCoder) July 9, 2024