Во Ново Лисиче израснав, во Аеродром живеам! Елена Ристевска се заблагодари за признанието од општината

Македонската позната пејачка Елена Ристеска доби признание за особен придонес во културата и музиката од локалната самоуправа на Аеродром, општината каде е израсната и каде живее. 

Признанието го доби на свеченото одбележување на двата значајни јубилеја – 20 години од своето постоење, како и 153 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери Јане Сандански. 

Елена се огласи и на Инстаграм, каде се заблагодари на признанието. 

- Благодарам за признанието за особен придонес во културата и музичката уметност до општина Аеродром и до в.д. градоначалникот Дејан Митески. Во неделата на 18ти мај го добив ова признание и ми претставува огромно задоволство и среќа бидејќи во Ново Лисиче израснав, во Аеродром продолжив да живеам, а каде и да ме однесе патот во иднина, секогаш моите најубави детски спомени ќе ме враќаат во мојата општина Аеродром, пишува Елена. 

Ниту овој пат, убавата пејачка не пропушти прилика да ја искаже љубовта кон својата внука и сестра! 

- Поддршката од мојата внука Делфина и мојата сестра Драгица ми е сѐ на светов, тие се секогаш до мене. Но, и дружбата со останатите добитници и моите колеги од музиката беше убава.