Во Нова Градишка откриен споменик на Тоше Проески

Денес во Нова Градишка е откриен споменик во чест на Тоше Проески. Македонската музичка ѕвезда трагично го загуби својот живот на 16 октомври во сообраќајна незгода на автопатот кај Нова Градишка. 

Статуата на Тоше е дело на хрватскиот скулптор Славко Буниќ, а на нејзиното откривање приусуствуваа македонскиот амбасадор Милаил Фетаи, градоначалничниците на Нова Градишка и Крушево. 

Поминаа 14 години од смртта на Тоше Проески, но и покрај долгиот период тој се уште живее во срцата на публиката, колегите и верните обожаватели. Тоше беше пејач кој го обедини целиот Балкан, зад себе остави песни и реченици по кои засекогаш ќе биде запаметен.