Во ноќна акција кај Тетово, уапсени две лица за поседување кокаин

Денеска (22.09.2021) околу 01.10 часот на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатната станица Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода  Н.Р.(52) и 28-годишната М.И. од гостиварските села Леуново и Вруток, затоа што при преглед кај нив и во нивното возило бил пронајден кокаин.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.