Во ноември 58,5 отсто од потрошената струја од домашно производство

Лани во ноември во земјава вкупно се потрошени 699.451 мегават часови електрична енергија, 47,974 милиони нормални кубни метри природен гас, 319.373 тони јаглен и 102.983 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 58,5  отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а  94,4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.