Во НОБ утре концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ по повод 25 години постоење

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска – Полизова утре во фоајето на Националната Опера и Балет ќе одржи концерт насловен „Света Злата слави“ по повод 25 години од своето постоење. Концертот е во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Концерт ќе одржи женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“, кој е формиран во 1996 година при Македонската Православна Црква, со благослов на Митрополитот Полошко- кумановско г Кирил.

-„Св.Злата Мегленска преку своето 25-годишно континуирано работење, стана хорски расадник и културен храм, каде со огромна љубов и посветеност ги стави сите хорски жанрови во функција на афирмирање на домашните автори, композитори и аранжери. Но, приоритетен предизвик е афирмирање на првичните пројавувања на младите академски музичари, соло пејачи и вљубеници во хорската музика, соопштија од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Диригент ќе е Летка Димовска – Полизова. Исто така, ќе настапи и Влатко Стефановски – гитара, Сања Шуплевска – виолина, Орце Ицковски – фагот – камерен ансамбл„Полифонија“, Давор Јордановски аранжман и клавијатури, Калина Велковска – Кали – вокал и Иван Еминовиќ – пијано.

Инаку, концертот требаше да се одржи вчера, но истиот беше одложен.