Во недела, 23 август, на Плоштад Македонија ќе се одржи јавно астрономско набљудување, организирано од Скопското астрономско друштво.

Посетителите ќе имаат можност да ја набљудуваат Месечината низ два телескопа, со различни зголемувања и одблиску да ги видат нејзините кратери и детали.
Во рамки на настанот ќе биде претставена и серија фотографии од целосното затемнување на Сонцето, направени во Шпанија, а посетителите ќе можат и да нарачаат фотографии од набљудувањето.
Плоштад Македонија, Скопје
Недела, 23 август
Почеток: 19:00 часот
Набљудувањето ќе трае до завршувањето на интересот на посетителите.