Во недела ќе се одржи Авицена женска трка

Во недела, на 31 март, во Скопје ќе се одржи седмата по ред АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА со единствена цел - Превенцијата од заболувањата да ја започнеме со вежбање.

Натпреварувањата од овој карактер постојат насекаде низ светот со иста цел – да ја подигнат свеста на жените дека не е доцна да почнат со физичка активност. Во АВИЦЕНА ЖЕНСКАТА ТРКА ќе учествуваат над 2.000 жени од сите возрасти.

Оваа трка е во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопскиот маратон 2019.