
Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ - Скопје во недела со почеток во 08:00 часот ќе изведуваат активности за монтажа на нови портални семафорски столбови на булеварот „Александар Македонски“ на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“.
Од јавното претпријатие посочија дека на истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали, согласно одобрен ОС Проект, кои од неодамна беа оштетени од сообраќајната незгода.
„Првата фаза на изведба на портална греда ќе биде од страната на влез во Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон Клучката за Сингелиќ и Маџари. Втората фаза на изведба на порталната греда ќе биде страната излез од Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон улицата „Благоја Стефковски“, посочија од „Улици и патишта“.
Екипите на јавното претпријатие на споменатите локации ќе постават сообраќајна опрема и сигнализација, а ќе бидат распоредени и редари.
„Сообраќајот во неколкучасовен период ќе се одвива отежнато, но без прекини, поради тоа апелираме до граѓаните за трпение до завршување на работите согласно предвидената динамика“, порачаа од „Улици и патишта“.