Во недела филмот „Стела“ во градски парк под отворено небо

Како дел од настанот кој оваа недела ЈП ЛАЈКА во соработка со ЗОО Скопје го организира во Градскиот парк на Школка, ќе се прикажува македонскиот филм "СТЕЛА" на Стојан Вујичиќ.

-Ги покануваме сите граѓани кои имаат миленици, како и оние кои немаат, а се љубители на македонската кинематографија, да ни се придружат во гледање на една интересна филмска приказна каде главен лик е кучето Стела, информираат организаторите. 

Филмската проекција започнува во 20:30часот, а пред почетокот на филмот претставник од филмската продукција на овој филм заедно со ѕвездата на овој филм, кучето Стела ќе го најават прикажувањето на истиот.

Граѓаните кои ќе дојдат да го проследат филмот "Стела" потребно е да си земат платнена престилка или ќебенце со себе