Во наредните денови стабилно време со студени утра

До крајот на неделава и првите два дена по викендот времето во земјава ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Минималните температури ќе бидат во интервал од еден до 11, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Од сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, соопшти УХМР.