Во наредните денови многу топло и нестабилно време

Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена, соопшти УХМР.

И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.

И во Скопската Котлина следува период на многу топло време со високи минимални и дневни температури. До понеделник ќе има услови во попладневните и вечерните часови во делови од Скопската Котлина да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР и со препорака до граѓаните во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.