Во Музејот на град Скопје, концерт на триото “Интерарт”

Во Музејот на град Скопје вечерва (16 ноември) концерт ќе одржи триото “Интерарт” .

Музичарите Александар Стефановски и Емилија Ристевска на флејта, како и Татјана Божиновска (пијано) пред присутните ќе се претстават со композициите на познатите композитори Кларк, Доплер, Фурстенау и Шостакович.

Настанот е во рамките на манифестацијата Есенски музички свечености во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.