Во Музеј на град Скопје: Изложба на Јелена Цветковиќ Савиќ

Во Музејот на град Скопје, денеска (6. декември) во 19 часот, ќе се отвори самостојната изложба на авторката Јелена Цветковиќ – Савиќ од Ниш, Србија. Во Скопје таа првпат се претставува со нејзиниот најнов циклус на 20-ина дела насловени “Чувствување на светот„.

Јелена Цветковиќ ја отфрла фигурацијата посветувајќи се во потполност на истражувањето на нови, асоцијативни поетики во кои предметите често се сведуваат на геометризирани површини под кои се отвораат светлосни имагинарни простори.

Изложбата ќе ја отвори в.д директор Фросина Зафировска, а ќе може да се посети до 18 декември.