Во Музеј на град Скопје: Изложба "Човек и простор"

Во Музеј на град Скопје, денеска во 19 часот во галерија „Јустина и Родољуб Анастасов“ ќе биде отворена самостојната изложба “Човек и простор” на Родољуб Анастасов.

На изложбата ќе бидат изложени 30-ина дела од еден од најпознатите и најобемни циклуси од творештвото на Анастасов, “Човек и простор”, изработени во различни техники – пастел на хартија, масло на платно, акварел, комбинирана техника и сл.