Во моментов, на Мој термин во Скопје нема ниту еден слободен термин за мамографија

На вчерашната седница, Владата одобри набавка за осум мамографи во вредност од 85 милиони денари. Мамографите ќе се дистрибуираат во цела Македонија, кадешто е најкритично и во руралните средини.

„Со ова, до граѓаните ги доближуваме програмите за скрининг и превенција од рак на дојка. Но, исто така, ќе го намалиме и времето на чекање за термин за снимање на мамограф. Превентивата е половина здравје!“ велат од Министерството за здравство.

Во моментов, на Мој термин во Скопје нема ниту еден слободен термин за мамографија. Првиот слободен е дури за 26 дена.