
Центарот за управување со кризи информира дека денеска (09.09.2025 година), до 12:00 часот, на територијата на Македонија се евидентирани вкупно десет пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари, под контрола се два, а изгаснати се четири пожари.
АКТИВНИ: 4
1. Општина Липково: с. Никуштак (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума);
2. Општина Струга: с. Лабуништа (ниска вегетација);
3. Општина Струга: с. Татеш (ниска вегетација);
4. Општина Кичево: с. Грешница (ниска вегетација).
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Берово: Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново (дабова и букова шума и папрат);
2. Општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште).
ИЗГАСНАТИ: 4
1. Општина Шуто Оризари: ул. Брсјачка Буна (ниска вегетација и ѓубре);
2. Општина Сарај: с. Крушопек (ниска вегетација);
3. Општина Студеничани: с. Варвара и с. Драчевица (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Делчево: Делчево (депонија).