Во моментот кога ќе научите да кажете НЕ, тогаш сте успеале во животот!

 

Време е да се залагате за себе. Колку пати сте се нашле во непријатна ситуација и не сте застанале зад вашите ставови? Научете да кажувате „НЕ“ без да се чувствувате лошо поради тоа.

Експертите дошле до заклучок дека луѓето кои не знаат да кажат „НЕ“ се чувствуваат емотивно исцрпени. Всушност, повеќето жени признаваат дека им е тешко да ги одбијат мажите. Сепак, постојат начини да се создадат здрави граници и да се подобрат односите без да се чувствувате виновни.

Психолозите советуваат дека прво треба да научите подобро да се изразувате. Не сме навикнати да размислуваме за тоа како се чувствуваме, но токму за тоа е неопходен првиот чекор.

„Природно е да се има многу негативни претпоставки за да се каже „НЕ“ на другите“, вели психологот Мартин. „Можеби се плашиме дека ќе се скараме или дека на другиот нема да му се допаднеме, а можеби сето тоа беше вистина во минатото, а вие сте го генерализирале овој страв да се применува на се’ во вашиот живот. Запрашајте се дали овој страв е реален? Дали вашиот шеф навистина ќе ве отпушти ако му кажете дека не можете да работите до доцна секоја вечер? Ова ви помага да ги ставите вашите стравови во перспектива и да стекнете поголема самодоверба“.

Фокусирајте се на вашите потреби

Едноставното разјаснување на вашите потреби ќе ви помогне да се борите за нив и да ја избегнете дилемата да не можете да кажете „НЕ“. Многумина од нас сакаат да поставуваат граници, но немаме соодветни зборови бидејќи никогаш не сме виделе добар пример. Само потсетете се дека луѓето поставуваат граници секој ден и бидете отворени за да го примените тоа. Ако некој ве предизвикува, одолејте се на нагонот да објаснувате премногу и само повторете: „Не можам да го направам ова!“