„Во мојот град“- нов спот на SMUT: Песна од големо значење и емоција (ВИДЕО)

Гордоста на македонската метал-кор сцена, групата „Смат“ (SMUT) го промовира својот нов видео-спот за песната „ВО МОЈОТ ГРАД“, кој од денеска е објавен на „Јутјуб“ каналот на Владимир Митревски, режисер на видеото.

Песната, како што велат, е посветена на луѓето кои сакаат да прикриваат убиства, кои ги користат тие убиства за своите маркетинг кампањи. -Запомнете ги Мартин, Тамара и децата од Смилковско Езеро, порачуваат „Smut“.

-Драги пријатели, ова е нашиот прв видео запис од новиот албум за песната “Во Мојот Град”. Песна од големо значење и емоција за сите нас. Песна посветена на луѓето кои сакаат да прикриваат убиства, кои ги користат тие убиства за своите маркетинг кампањи. Посветена на луѓето кои без грам совест ќе искочат на ТВ екраните и со тажен поглед глумат невини жртви. А вистинските жртви сé уште имаат име. Запомнете ги Мартин, Тамара и децата од Смилковско Езеро. Тие не беа ваша кампања и не беа дневен проблем од кој треба да се решите. Знаеме дека ние нема да го заборавиме моментот кога нашиот град не беше повеќе наш! Љубов и Почит, Вашите SMUT, пишуваат на Фејсбук.