Во маркет во Мичурин: Скопјанец украл 50 чоколади

Скопјанец кривично ќе одговара откако во понеделникот бил фатен по кражба во маркет лоциран во населбата Мичурин.

Околку 14 часот вработените во маркетот повикале обезбедување откако го забележале крадецот.

Таму тој бил затекнат со поголема количина, околу 50 чоколади. Патролата на од обезбедувањето го предала на скопската полиција за понатамошна постапка.