Оваа е традиција секоја година на Матка. Местото е полно со верници.
Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба, а потоа и Духовна академија и полноќно бдеење.
На 28 август, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи света божествена литургија.
Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.