Во манастирот на Матка ќе се одбележува Успение на Пресвета Богородица

Оваа е традиција секоја година на Матка. Местото е полно со верници.

Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба, а потоа и Духовна академија и полноќно бдеење.

На 28 август, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи света божествена литургија.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.