Во македонското Собрание летаа филџани - Твитер за (не) демократијата

Видеото од инцидентот во македонското Собрание од вчера ја бранува јавноста. 

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска изрази жалење за вчерашниот инцидент на седницата на комисијата и очекува ваквите ситуации да не бидат поттик за судир во Собранието.

– Пред сѐ, жалам за она што се случи синоќа на седницата на Комисијата за европски прашања и изразив жалење за сите оние сцени испровоцирани од опозицијата што се случија, а кои не требаше да се случат, вели Адеми во изјава за Слободен печат.

Такви сцени, додаде тој, не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од кој било друг.

Јавноста во шок од македонската (не)демократија. Еве ги нивните реакции: 

-Добро бе, како се гледате во огледало кога браните тепање на пратеници со шољи и предмети?! Искрено ме интересира! 

-Насилството не може да се оправда, па колку и да е испровоцирано. Доколку паѓаш на провокации, имаш уште многу за учење, а местото не ти е во Собрание. Насилството никогаш не е оправдано. Толку.

-Не кревајте тензии одма, да ја почекаме германската комисија да дојде и каже дали имало скандал во Собранието.