Во Македонската филхармонија: Концерт “Twins cellos”

Во камерната сала на Македонската филхармонија, утревечер (19 декември) со почеток во 20 часот, ќе настапи дуото виолончела, Маја и Марија Михајловски кои ќе оддржат концерт насловен “Twins cellos”. На програмата ќе бидат изведени дела од Червето, Бариери, Офенбах и преработки од модерни теми.

Марија и Маја Михајловски, родени во Скопје 1989 година, започнуваат да свират виолончело на 12 годишна возраст, нижото музичко образование го започнуваат кај проф.Марија Кочарова, а средното во класата на проф.Паскал Краповски. Дипломираат со највисока оцена Cum Laude на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Живко Фирфов.

Добитници се на бројни домашни и меѓународни награди.

Марија и Маја долгогодишно членуваат во оркестарот на Музичката младина, и се вработени во Македонската филхармонија.