Во Македонија се подготвува силно невреме, Словенија и Хрватска ги бројат штетите (ВИДЕО)

Силно невреме ги зафати вчера Словенија и источна Хрватска.

На социјалните мрежи беа објавени повеќе видеа од невремето а од оваа снимка може да се види состојбата во словенечкиот град Чрномељ во близина на границата со Хрватска, каде на голем паркинг пред супермаркет уништени се речиси сите возила.

Во Македонија денеска  ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.  Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната од 24 до 32 степена, а УВ зрачењето седум.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, со температура од 18 до 29 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре  ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но оти условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Потоа, во првите два дена од следната недела, времето ќе биде претежно стабилно и топло.