Во Македонија (не) може да се живее со просечна плата - Дали е животот само храна и сметки?

Дали со просечна плата може нормално да се живее во Македонија? – е прашањето кое им го поставиме на нашите читатели.

Генерално, нивните одговори одат во насока дека со две просечни плати едно семејство може да живее нормално, но реалноста е поинаква – ретко кој зема просечна плата бидејќи повеќето заработуваат минимална плата со која, како што велат, е тешко да се опстане.

Во едно се согласуваат граѓаните – цените на храната постојано расте.

Ова неодамна го потенцираше и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. „Цената на млекото во малопродажба мај 2020 година 45 денари, мај 2021 година 52 денари, тоа е 15,5 проценти зголемување, потоа цената на зејтинот во малопродажба 67 денари, мај 2020 година, сега мај 2021 година 95 денари, тоа е зголемување за 42 проценти. Каква е цената на брашното, мај 2020 година 34 денари, мај 2021 година 39 денари. Бензинот бил 50, па 69 денари, па 71,5 денари и така натаму. Ова е реалноста, вели Мицкоски.

Граѓаните ги искажаа своите ставови на оваа како што велат „болна“ тема:

„Со пензија откако ќе се подмират давачките, кирисија, сметки, кредит, парно, вода, струја, остануваат само 3.000 денари за редовната терапија, хигиенски средства и за леб и сол. Е моја Македонија, моја татковино.“

„Зависи од просечната плата. Ако е работничка тешко! Зависи и од домашната економија. Но, ако е политичка просечна плата е тогаш може да се живее“ „Тие што земаат просечна можеби можат, но тие со минималец никако.“

„Да можеше да се живее немаше половина Македонија да бега во странство во потрага по нормален живот.“

„Ама која просечна плата. Велат 27.000 ама како дошле до тој просек?! Ве молам, па мојата плата од 18.000 денари една деценија не е покачена. Народот со сила го прават глуп, цените растат до плафон. Уште јавно се излегува и се лаже дека платите растат. Ова е болно прашање за голем дел од населението.“

„Не може, не е животот само сметки и храна.“