Во Македонија има помалку дебели луѓе во споредба со ЕУ

 Лани 16,3% од граѓаните во земјите на ЕУ на возраст над 18 години биле дебели, што значи дека имале индекс на телесна маса од 30 или повисок. Дополнителни 35,4% биле со индекс на телесна маса помеѓу 25 и 30, а генерално, повеќе од половина од населението на ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на Евростат.

Според податоците, мажите во ЕУ се подебели од жените. Стапката на дебелина кај мажите е 17,4%, а кај жените 15,3%. Дополнително, 41,9% од мажите биле со прекумерна тежина, во споредба со 29,3% од жените. 

Во споредба по држави, најмногу дебели луѓе има во Малта, каде што повеќе од една четвртина од населението е со прекумерна тежина, по која следат Литванија (24,6%) и Финска (23,2%). Од друга страна, најмалку дебели има во Италија (7,0%), Грција (12,8%) и Романија (12,9%).

Последниот податок на Евростат за Македонија е од 2022 година и покажува дека дебели биле 15,4 % од македонскиет граѓани, што е за околу еден процент помалку во споредба со минатогодишниот просек на ЕУ.