Во мај 53,1 отсто од потрошената струја од домашни извори

Во мај годинава земјава вкупно потрошила 524.635 мегават часови електрична енергија, 10,123 милиони нормални кубни метри природен гас, 254.036 тони јаглен и 76.769 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 53,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 89,9 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.