Во краток временски период, пријавени две каснувања од куче во Ѓорче Петров

Со растојание од само 15 минути меѓу двете пријави, во билтенот на МВР се забележани две каснувања од куче во Ѓорче Петров, на различни локации. 

На 25.10.2021 во 19.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.П.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Ацо Шопов“ бил каснат од куче скитник.

На 25.10.2021 во 19.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.Н.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Борис Сарафов“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.