Во ковид центрите во Македонија за 24 часа хоспитализирани се 10 пациенти, а вкупно се лекуваaт 90 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија и тоа 26 во Скопје и 64 во ковид центрите во земјава.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 9 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 17
пациенти.

Вкупно 64 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во болницитево Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево.