Во коритото на Вардар се поставува пловечка препрека за собирање пластична амбалажа

Екипи на Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“ деновиве поставуваат пловечка препрека за собирање пластична амбалажа во коритото на реката Вардар, во Лисиче.

Проектот ќе се промовира наредната недела во рамки на Европската недела за справување со отпадот.