Во која македонска фирма просечната плата е 1.867 евра?

Просечната плата во државната фирма што го контролира македонското небо е 115.397 денари, нето месечно, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија за 2016 година. Веројатно „М-НАВ“ е македонска фирма со најголема просечна исплатена по вработен.

Просечната исплатена нето плата по вработен во државното акционерско друштво „М-НАВ“ е 115.397 денари односно 1.867 евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија на „М-НАВ“ за 2016 година.

М-НАВ е единствената компанија која има овластување да врши дејност давање на услуги во воздухопловната навигација на територијата на Република Македонија. Оваа компанија, народски кажано, ги контролира полетувањата и слетувањата на комерцијалните авиони и други воздухоплови на македонска територија и ги сервисира транзитите односно прелетите на македонското небо. Оваа компанија е основа со одлука на Владата на 4 јуни 2009 година и досега работи 9 години, по издвојувањето од Дирекцијата за цивилна и воздушна пловидба.

Извор: Фактор