Во кои земји се празнува денес Божиќ?

Додека најголемиот дел од земјите во светот го прославуваат Божиќ на 25 декември, Македонија и една поголема група земји го прославуваат овој празник денес. На оваа листа освен Македонија се наоѓаат и Русија, Украина, Србија, Белорусија, Египет, Етиопија, Грузија, Казахстан, Молдавија и Црна Гора.

Која е причината за различното славање на овој голем празник?

Во 1582 година, папата Григориј XIII создал нов календар за да се поправи разликата помеѓу календарското време и пресметаното астрономско време. Календарот бил познат по името Грегоријанскиот календар.

На почетокот само католичките земји ги усвоиле измените, додека  православните христијански земји останаа на јулијанскиот календар.

Со текот на времето, тие земји го усвоиле Грегоријанскиот календар за секуларна употреба, но православните цркви продолжиле да го засноваат својот литургиски календар на јулијанскиот распоред.

Во 1923 година била воведена ревидирана верзија на јулијанскиот календар, со што Божиќ е во согласност со Грегоријанскиот календар, но тој беше усвоен само од некои православни христијански земји, вклучително и Грција, Кипар и Романија.

Русија, Украина, Србија, Белорусија, Египет, Етиопија, Грузија, Казахстан, Македонија, Молдавија и Црна Гора продолжуваат да го слават Божиќ на 7 јануари.