Во кои случаи треба да престанете да јадете леб?

Лебот на нашето поднебје е продукт без кој, едноставно, не можеме. Ретки се оние кои не консумираат ниту една негова варијанта, а меѓу луѓето постои верувањето дека на тој начин се заситуваат и не им се јаде често. 

Сепак, постојат некои состојби во кои би требало барем привремено да го исфрлите од исхраната, како што се:

Неконтролираното качување килограми

Особено мора да бидете внимателни со белиот леб. Намалете го постепено внесот и видете дали има промена во вашата состојба. Секако, тоа не се случува преку ноќ, но ако лебот бил причина зошто постојано накачувате килограми, тоа ќе го забележите според субјективното чувство на олеснетост. Ова важи и за печивата. 

Покачен крвен притисок

Јаглехидратите може да бидат причина зошто притисокот ви е постојано покачен. Ако ги намалите, многу е веројатно дека и притисокот ќе се спушти во граници на нормалата. 

Ако имате нестабилно ниво на шеќерот во крвта

Преддијабетната состојба може да е поврзана со количината на леб која ја консумирате. Лебот купен од продавница може да биде полн со конзерванси и рафиниран шеќер, за да се обезбеди подолг рок на траење. Поради тоа, обидете се да го подготвувате дома или пак, да купувате поквалитетен леб, кој ќе го консумирате во ограничени количини. 

Имате проблеми со варењето

Ако после јадење пекарски производи постојано ви е лошо, можеби и не треба веќе да ги јадете или пак, тестирајте се за целијакија, за да можете навреме да го исфрлите глутенот.