Во кои скопски општини ќе нема струја и вода денеска?

ЕВН ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници: 
-од 08:00 до 15:30 часот, дел од бул. Видое Смилевски Бато, (блокот спроти ПСС  згради бр. 1, 3, 5 и 9). (Општина Аеродром)
-од 09:00 до 14:00 часот, Бул. Партизански Одреди, зграда бр. 66.  (Општина Карпош)
-од 09:00 до 10:30 часот, дел од ул. Лазар Димитров (од бр. 38 до бр. 45) и ул. Добромир Хрс. (Општина Кисела Вода)
-од 09:00 до 13:00 часот, ул. 3 во  с. Горно Соње. (Општина Сопиште)
-од 09:00 до 15:00 часот,   корисниците од  дел од с. Студеничани, (од џамијата кон ОУ Наим Фрашери). (Општина.Студеничани)
-од 12:00 до 15:00 часот,   корисниците од дел од с. Морани. (Општина Студеничани) 

ЈП Водовод и канализација ги известува граѓаните дека денеска:

-Поради менување на водоводен вентил во шахта на Никола Русински бр. 12, од 09:30 часот до завршување на интервенцијата,  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. (Општина Карпош)

-Поради  појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул.Тиквешка бб, од 17:00 часот водата е затворена и  прекинато водоснабдување  имаат корисниците од  дел од истата улица. На отстранување на дефектот  ќе се работи во текот на претпладневните часови  на 14.10.2021 г. (Општина  Шуто Оризари)