Во Кисела Вода средба за надминување на проблемите со Центарот за зависници

Општина Кисела Вода денеска организира средба која на која ќе се разговара за исполнување на дадените ветувања околу надминување на проблемите со Центарот на зависници.

На средбата, која ќе се одржи во просториите на општината, се поканети сите засегнати жители од овој дел на градот.

Како што информираат од општина Центар, на средбата ќе бидат присутни и директно ќе им ги презентираат договорените мерки градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и министерот за здравство Венко Филипче.