Во Кисела Вода пронајдени мигранти од Сирија, Палестина и Мароко

На скопската улица „Димо Хаџи Димов“ вчера за време на полицискиот час биле пронајдени тројца мигранти.

Станува збор за 24-годишник од Сирија, 33-годишен Палестинец и 35-годишник од Мароко кој скопската полиција ги забележала во патрола околу 19 часот.