Во Кинотека вечерва почнува 13-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал

 

Во Кинотека денеска почнува главната програма на 13-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал што се одржува под мотото „Се е филм, во множина“. Фестивалот, што ќе трае до 9 јуни и на кој ќе бидат претставени 40-тина филмови, во својот фокус го има творештвото на филмскиот великан Жан-Лик Годар.

Филозофскиот филмски фестивал е единствениот филмски фестивал во земјава и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм -    филозофијата.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и се одржува со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура, во соработка со Кинотека, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.