Со проекција на “Пијте само шуменско пиво” и “Лузери”, на 1 февруари во Кинотека на Македонија почнува Месецот на бугарскиот филм.

Прикажани ќе бидат осум бугарски филмови од современата бугарска продукција, два документарци и шест играни.

Во четврток, 8 февруари, на програмата е “Мајмун” (2016) на Димитар Коцев-Шошо, на 15 февруари “Слава” (2016) на Кристина Грозева и Петар Валчанов, на 22 февруари “Скршнување” (1967) на Гриша Островски и Тодор Стојанов, на 23 февруари “Мал-голем” (2011), на 24 февруари “Насоки” (2017) на Стефан Командарев и на 25 февруари, во недела, “Мисија Лондон” (2010) на Димитар Митовски.