Во Келн течеа солзи радосници, Вардар слави ново европско финале!

Македонскиот ракометен првак Вардар направи чудо!!! 

Вардар оствари сензационална победа над Барселона со 29-27 во полуфиналето на Ф4-турнирот во Келн, што го однесе во второ финале, по шампионското во 2017 година.

Победничкиот гол за екипата на Вардар го постигна Стојанче Стоилов.

Противник на македонскиот шампион утре во финалето ќе биде екипата на Веспрем.