Во Карпош започна редовна есенска дератизација

Општина Карпош започна со редовната есенска дератизација, дезинсекција и дезинфекција на територијата на цела локална самоуправа. Дезинфекцијата и дератизацијата се спроведуваат со цел  уништување на штетни глодари, инсекти, но и како и превенција од заразни болести.

Со дератизацијата ќе бидат опфатени околу пет илјади шахти, а дезинфекција, дезинсекција и дератизација ќе се спроведе во сите основни училишта и детски градинки што се на нејзино подрачје.

Оваа активност веќе заврши во општинските училишта и градинките,а сега се на ред јавните шахти.

Во текот на денешниот ден ќе се изврши акција во населба Трнодол и Карпош 1.

Акцијата ќе трае во текот на месеците ноември и декември.