Во Карпош се отвора капацитети за деца со попреченост

Отворањето на дополнителни просторни капацитети за деца со попреченост од 2 до 9 години, како и давањето на помош и нега во домот и психосоцијална поддршка за повозрасните, изнемоштени лица, се двете социјални услуги со кои Општина Карпош ќе аплицира на Јавниот повик за подобрување на постоечките и развој на нови социјални услуги, кој беше објавен од страна на Министерството за труд и социјална политика.

За овозможувањето на овие две социјални услуги ќе аплицира партнерски со Црвениот крст (за помош и нега во домот и психосоцијална поддршка) и со центарот „Монтесори“ (за поддршка на деца со попреченост).

– Имајќи предвид дека Карпош е општина со голем број на повозрасни сограѓани, решени сме да им овозможиме подобар квалитет на живот. Исто така, голем е бројот на ученици со попреченост, токму затоа, покрај сензорните соби, Општината има намера да ги зголеми капацитетите за поддршка и адаптација на овие лица – потенцираат од локалната самоуправа.