Во Карпош расчистување на последиците од невремето

Комуналните служби на Карпош работат на расчистување на последиците од невремето.
Се чистат улиците, пешачките зони и паркинзите во повеќе населби, како и патот кој води кон Св.Пантелејмон, информираат од општина Карпош. 
Работниците отстрануваат паднати гранки, дрвја и земјени наноси од поројните дождови.