Во Карпош поставени неколку контејнери за кабаст отпад

На четири локаци во општина Карпош, од изутринава се поставени големи контејнери за одложување на кабаст отпад.

Граѓаните ќе можат да се „ослободат“ од непотребниот мебел, домашни предмети, електронски и електричен отпад, во деновите од 18 до 22 мај, на следниве локации:

-Влае 2, позади Порта Влае, кај автобуската постојка;
-Тафталиџе 2, на улицата „Женевска“ (после автобуската постојка на последна „24 – ка“);
-Козле, во близина на новиот споменик на Кузман Јосифоски – Питу;
-Долно Нерези, на улица „Ванчо Мицков“ .

Ги повикуваме сите граѓани да го одложат својот отпад на посочените локации. Контејнерите, во сабота, на 22 мај ќе бидат подигнати од комуналните служби на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.