Надлежните служби во Општина Карпош мапираа 13 локации на територија на Општината каде што има создадено отпад на јавни површини, информираат оттаму. Преку стратешки пристап и нивно мапирање, локалната самоуправа презема мерка за чистење на овие т.н. диви депонии.
- Како дел од мерките и активностите предвидени во Акцискиот план за спроведување на мерки и активности дефинирани со ЛЕАП (Локален еколошки акционен план за 2019 година, од областа отпад), Секторот за екологија и енергетска ефикасност започна со евидентирање и изготвување на листа и мапа на ѓубришта на територија на Општина Карпош. За истата цел, Секторот соработуваше со урбаните заедници во Општината. Урбаните заедници, од нивна страна пак, пријавија можни локации за несоодветно и несовесно одлaгање на отпад на територијата на Карпош“, се вели во соопштението.